Република Македонија годинава ќе биде претседавач со Поткомитетот за земјоделство и санитарната и фитосанитарната област. Целта е усогласување на санитарните и фитосанитарните сертификати како би се олеснила трговија помеѓу ЦЕФТА земјите. Ова го посочи директорот на Агенција за храна и ветеринарство, Зоран Атанасов, кој денеска одржа состанок со ад хок групата експерти за разменa на информациите од областа на санитарните и фитосанитарните прашања.

– Во моментот состојбата е лоша бидејќи има долго задржување на граница, непотребни прекупувања со барање на документи, непотребни контроли од инспекциските служби на границите, и многу заплеткани процедури при увозот и извозот на работите од ЦЕФТА земјите. Со воспоставувањето на електронската размена на податоци сето ова би требало да се минимизира и трговијата да се олесни, рече Атанасов.

Посочи дека со усогласување на санитарни и фитосанитарни сертификати ќе се овозможи фер и ефикасна соработка и олеснување на самите процедури при увоз и извоз, ни и ќе се скрати времето на задржување на границите.

– Со овој процес треба да се намалат трошоците на компаниите при увоз или извоз, а во исто време да се обезбеди увоз на безбедна храна за луѓето и животните. Примената на постапката сепак зависи од другите фактори, затоа што ЦЕФТА во меѓувреме распишува и тендер за информатичка куќа која треба сите тие работи да ги стави во процедура, односно во имплементација. Податоците што ќе бидат електронски разменувани ќе го олеснат процесот на обработка и собирање на податоци, за да може да се направи соодветна ризик проценка, додаде директорот.

Посочи дека досега се одржани два вакви состанока, меѓутоа немало завршни резултати и оти се надева дека за време на нашето претседавање годинава прашањето конечно ќе виде затворено.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2019 16:37