Поради тактичка вежба за боево гаѓање, утре во општина Пехчево ќе биде ограничено движењето на граѓаните кај месноста „Говедарник”. Како што информираат од Општината, забраната за движење ќе важи од 8:30 до 16 часот.

Еднодневната вежбовна активност со боево гаѓање ќе ја спроведат припадници на Полициското одделение од ошта надлежност кои претходно ќе извршат обиколка и обезбедување на поширокото подрачје на стрелиштето со цел оневозможување влез на граѓаните во безбедносните зони.

Медицинското обезбедување на боевото гаѓање ќе го вршат стручни медицински екипи од Јавната здравствена установа Здравствен дом – Пехчево.

Боевото гаѓање е дел од редовните активности на Полициската станица од општа надлежност од Пехчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2019 16:58