Вработените во Општина Струга предводени од градоначалникот Рамис Мерко, ученици од основните и средните училишта во градот и други граѓани денеска се вклучија во чистење на повеќе локации долж струшкото крајбрежје во рамките на акцијата „Генералка викенд“.

Изразувајќи задоволство што е дел од еколошката акција, Мерко ги повика стружани заеднички да ја чуваат околината и да обезбедат чиста и здрава животна средина за себе и идните поколенија.

- Нашиот град се познава по убавата природа, чистиот воздух и животната средина, но ова не значи дека ние и понатаму не треба да вложуваме и да се трудиме за подобра иднина. Покревање на свеста кај граѓаните за зачувување на животната средина е многу битно, затоа сум сигурен дека оваа акција освен што ќе придонесе на чистење на крајбрежјето во Струга, ќе пренесе до стружани, но и пошироко дека ние сами треба да ја чуваме околината и да обезбедуваме чиста и здрава животна средина, рече Мерко.

Поддршка во реализација на оваа акција дадоа од „Man and Mountain“ кои ја потенцираа ургентноста од делување и значењето, кое го имаат овие акции за чистење на животната средина, но и за јакнење на свеста за одговорноста на секој поединец. Акцијата е поддржана и од министерствоата за земјоделство, шумарство и водостопанство и за животна средина и просторно планирање.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/05/2024 01:15