Британскиот глумец Даниел Крејиг е во Белград, а неофицијални информации говорат дека причината најверојатно е снимањето на 25. филм за агентот Џејмс Бонд 007, објави српскиот весник „Курир“.

Тоа ќе биде петти и последен пат Крејиг да го глуми овој лик од филмската класика.

Српските медиуми шпекулираат дека во новото продолжение, агентот се враќа во земјата каде што сé почнало. Наводно, Ијан Флеминг го изградил тој лик инспириран од агентот Душан Попов, кој својата шпионска кариера ја започнал во Белград, Србија.

– Дали Даниел Креиг ќе ја заврши кариерата на Бонд и последен пат ќе го облече оделото на агентот 007 токму на улиците во српскиот главен град, ќе дознаеме налето, за кога е планирано и снимањето филмот, наведува „Курир”.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2019 11:56