Над 24 илјади граѓани во земјава годишно заработуваат над еден милион денари, а бројката на оние кои оствариле бруто приходи од 100 илјади до еден милион денари е половина милион. Најмладиот милионер во земјава има само 15 години, а со доход над еден милион денари е и 98-годишно лице. Скопјанец е на листата со највисоки годишни приходи, а највисоката плата е исплатена во здравствениот сектор. покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.

Само од пензија највисоки годишни бруто приходи има скопјанец во износ од 5.728.934 денари.

Најмладото лице кое заработило над еден милион денари приход има младо лице од 15 години, кое ги остварило средствата од интернет услуги.

Директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревска на прес-конфернција денеска информираше дека за 2017 година вкупно 455.915 лица поднеле годишна даночна пријава во која пријавиле 192.150.172.035 денари годишни бруто приходи и 11.618.491.776 денари персонален данок.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2019 14:34