Финалниот национален натпревар на Европскиот квиз на пари во земјава на кој ќе бидат познати двајцата учесници кои ќе ја претставуваат земјата на европското финале во Брисел ќе се одржи денеска во Скопје.
Европскиот квиз на парите првпат се одржува во земјава и има за цел финансиска едукација на младите. Во националниот натпревар учествуваат околу 3.000 ученици од основните и средни училишта.
На настанот, најавено е обраќање на заменик-министерот за образование и наука Петар Атанасов, претседателот на Македонската банкарска асоцијација Коста Митровски, Ирена Кикерова од Економски факултет, Анета Крстевска од Народната банка и Зоран Колев од Комисијата за хартии од вредност.