Институтот за демократија Социетас цивилис Скопје (ИДСЦС) и Центарот за економски анализи (ЦЕА) ќе одржат брифинг во Јавна соба за презентација на наодите од анкетата за процесот на влијание на регулативата за 2018 година.

Генералната слика од истражувањето наведува дека процесот на проценка на влијание на регулативата кој треба да се спроведува за секоја нова или измена на постоечка легислатива предложена од страна на Владата и во 2018 година остана генерално непознат за јавноста, но се забележува и тренд на поголема запознаеност кај администрацијата споредено со претходно, се наведува во соопштението на „Социетас цивилис“ Скопје.

ИДСЦС во соработка со ЦЕА во периодот јануари 2017 – декември 2019 анализираат како се спроведува процесот на проценка на влијание на регулативата (ПВР) при создавањето на законите и каква е можноста за граѓанските организации да се вклучат во создавањето на јавните политики во земјата, преку проектот „Проценка на влијанието на регулативата во сенка: Промовирање на креирање политики базирани на докази“ кој е финансиски поддржан од Делегацијата на ЕУ.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 09:38