Премиерот Зоран Заев денеска ќе учествува на свечена академија по повод 12 години од Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.

Заев ќе има обраќање на свечената академија, а претходно е предвидена посета на штандовите на факултетите на УГД Штип, поставени пред Центарот за култура, заедно со ректорот, проф. д-р Блажо Боев и градоначалникот на Штип, Благој Бочварски.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 12:42