Планинарите од „Фри хајкерс" Неготино денеска организираат еколошка акција во која ќе го чистат отпадот од дел од Чучурлов рид.

Планинарката и еко активист Бојана Андонова, изјави за МИА дека и покрај тоа што таму пишува дека е забрането фрлање отпад, несовесни лица оставаат ѓубре позади себе.

– Акцијата е закажана за утре во 16 часот на потегот на улицата „Нова Дојранска", од трафостаницата кон населбата Саат кула. Целиот отпад ќе се собере во трактор обезбеден од комуналното претпријатие. Можат да ни се приклучат и други лица. Акцијата има за цел и да ја подигне еколошката свест на едно повисоко ниво. За доброто на сите, нагласува Андонова.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 12:58