Амбасадорката на Велика Британија во земјава Рејчел Галовеј денеска ја посети општина Куманово и оствари средба со градоначалникот на општината Максим Димитриевски.

Амбасадорката и кумановскиот градоначалник разговарале за можната соработка на општината и амбасадата во сферата на образованието, културата и спортот.

– Разговараме за можна соработка и за испраќање на нашите ученици на едукација во Велика Британија, за соживотот, меѓуетничката толеранција во Куманово, како позитивен пример за државата и за можноста за пронаоѓање на потенцијални инвеститори од Велика Британија и тука особено ја потенцирав индустриската зона Речица и Новине, изјави Димитриевски.

Тој потести дека општина Куманово преку здружението на армиски и полициски ветерани веќе оставриле соработка со амбасадата, посочувајќи дека во соседната општина, во Пелинце беше поставена спомен плоча во чест на британски војници од Втората светска војна.

– Ова е позитивен пример како двете држави соработувале во историјата, сме биле сојузници во Втората Светска Војна и тоа сојузништво треба да продолжи и да го надоградуваме-додаде Димитриевски. Амабасадорката Галовеј истакна дека ова е незина прва посета на Куманово, нагласувајќи дека разговарале за образование, култура и спортот. -Како амбасада се трудиме да излеземе надвор од Скопје, да посетиме и други места во државата, со цел да запознаеме кои се потребите и можностите за соработка низ целата земја, има можности за соработка во образованието, спортот како и во нашата заедничка историја, рече Галовеј.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 14:16