Градоначалник на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, е новиот претседател на Комисијата за локален економски развој призаедницата на единиците на локалните самоуправи на Северна Македонија.

На конститутивната седница се дискутираше и за законската регулатива која би можела да се разгледува во рамките на оваа комисија како и за значењето и задачите на Комисијата и обврските што ги презема претседaтелот на комисијата по неговиот избор, како што е соработка со внатрешните тела и органи на ЗЕЛС и претставување на ставовите на Комисијата предуправниот одбор на ЗЕЛС иадлежните институции во државата, информираат од службата за комуникација со јавност при општина Крива Паланка.

Одлуката ја усвоиле членовите на Комисијата како тело при ЗЕЛС на конститутивниот состанокот одржан во понеделникот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 14:26