Централниот дефанзивец на Баерн (Минхен), Матс Хумелс изјави дека ја разбира делумно одлуката на селекторот Јоаким Лев за подмладување на Бундестимот, но не изгубил надеж еден ден повторно да игра за Германија.
Триесет годишниот Хумелес, кој има 70 натпревари за „панцирите“, е еден од тројцата играчи на кои Лев повеќе нема да се потпре. Останатите двајца се неговите соиграчи во Баерн Минхен – Томас Милер и Џером Боатенг.
– Знам дека Јоги незнаеше како да го најде совршениот начин на кој да ни госоопшти тоа. Се разбира, бев шокиран кога ја дознав неговата одлука. Делумно го разбирам, но тоа не значи дека ќе се откажам официјално од националниот тим. Играв осум години за националниот тим и сите тие беа прекрасни. Во моментов репрезентативецот Матс Хумелс е ставен настрана, но сигурно не е на дното на гардероберот, каде што никогаш повеќе нема да го најдете, изјави играчот на Баерн (Минхен).