Поранешниот напаѓач Саво Милошевиќ ќе биде нов тренер на српскиот гигант Партизан, објави официјалниот сајт на клубот. Милошевиќ е кадар на Партизан, со чиј тим има две титули на Србија.

Покрај Партизан, Саво Милошевиќ играше и за Астон Вила, Сарагоса, Парма, Еспањол, Селта, Осасуна, Торонто и Рубин Казан.

Поранешниот фудбалер, исто така, има искуство како тренер, откако во 2011 и 2012 година беше асистент во репрезентацијата на Црна Гора.

За последен пат, Милошевиќ работеше во српската фудбалска федерација, но по назначувањето за ментор на Партизан, тој ќе го напушти местото. Тој го менува Зоран Мирковиќ на клупата на „црно-белите“.

Официјалната презентација на Саво Милошевиќ ќе биде утре.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 19:06