Преку еко акција попладнево беше исчистен дел од Чучурлов рид Неготино. Акцијата беше организирана од планинарите од „Фри хајкерс“, а се придружија и други љубители на чистата и здрава животна средина.

Планинарката и еко активист Бојана Андонова, изјави за МИА дека и покрај тоа што таму пишува дека е забрането фрлање отпад, несовесни лица во изминатиот период оставале ѓубре позади себе.

– Чистевме на потегот на улицата „Нова Дојранска“, од трафостаницата кон населбата Саат кула. Ни се приклучија и други лица. Акцијата има за цел и да ја подигне еколошката свест на едно повисоко ниво. За доброто на сите, рече Андонова.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2019 19:46