Во сите штипски основни и средни училишта вчера и денеска се поставија садови за електрична и електронска опрема. Опремата е поставена согласно потпишаниот Меморандум за соработка меѓу колективниот постапувач за електрична и електронска опрема и отпадни мали преносни батерии „Елколект“ ДОО Скопје и градоначалникот на Општина Штип Благој Бочварски.

Во секое училиште ќе бидат организирани едукативни настани и собирање на електрична и електронска опрема. Опремата ќе биде предадена на фирмата „Елколект“ ДОО Скопје, со цел поздрава животна средина во нашата општина, рече Трајче Стојчевски, вработен во кабинетот на градоначалникот на Општина Штип.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 17:08