Директорот на канцеларијата за развој од УСАИД во Република Македонија, Едвард Гонзалес, денеска ја посети Општина Куманово, кој оствари и средба со градоначалникот Максим Димитриевски.

На средбата се разговарало за досегашните проекти кои се реализирани во градот со поддршка на УСАИД.

-Се заблагодаривме за досега реализираните проекти од страна на УСАИД и на американските граѓани во чие име се спроведуваат проектите, кои имаат за цел да им помогнат на граѓаните на Куманово, изјави Димитриевски.

Димитриевски информираше дека на средбата станало збор и за натамошната соработка која ќе се концентрира на јакнење на капацитетите на општината и допонителна реализација на можни проекти за оспособување и едукација на тимови, со што ќе се следат трендовите во однос на апликациите при искористување на фондовите, грантовите и донациите кои ќе следат во идниот период, при евро-интегративниот процес на државата.

Директорот на канцеларијата за развој од УСАИД, Гозналес рече дека со градоначалникот разговарале за дел од предизвиците за можностите за развој со кои постојат во општината.

-УСАИД е посветен на поддршката на можностите за развој насекаде во Северна Македонија. Истражуваме различни можности, преку партнерства со општините за да може да ги поддржиме идеите кои ги имаат градоначалниците, меѓу нив и на Куманово и кои сакаат да го подобрат животот на заедницата и на граѓаните, изјави Гонзалес



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 17:17