На денешната 60-та редовна седница членовите на Советот на Општина Дебар, покрај другото ја разгледаа и усвоија завршната сметка на буџетот на општината за 2018 година.

Според Ќазим Ќормемети, раководител на секторот за финансии и буџет, минатата година општината ја завршила со суфицист од 1.692.482 денари.

-Буџетот за минатата година беше проектиран на 324.750.000 денари, а реализран е со 254.637.729 денари. Остварени се вкупни расходи во износ од 252.945. 482 денари,што значи забележан е суфицит од 1.692.482 денари, образоложи Ќормемети пред советиците.

Што се однесува до планираниот прилив на средства,посочи тој, неостварување е забележано кај ставката донации каде место планираните над 11,5 милиони денари остварени се четири милиони денари, потоа кај ставката даночни приходи каде се слеале 26 милиони денари помалку, неданочни приходи 14 милиони денари помалку, како и кај капиталните приходи за пет милиони денари помалку од планираните.

Кај расходите, 252.810.482 денари се за утврдени намени, додека 135.000 резерва.

Инаку, Буџетот на општината за 2019 година е проектиран на 341 милион и 504 илјади денари и споредено со ланскиот е „потежок“ за 10 отсто или 23,8 милиони денари.

Советот, на седницата распараваше и усвои и повеќе акти од областа на урбанизмот.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 17:35