На покана на Општина Велес денеска во салата на Општината се одржа трибина на која беа претставници од консултантската фирма „АПИА“ од Љубљана ,Р Словенија кои разменија мислења и искуства со претставниците на институциите, како и полицијата, образованието, здравството општинскиот сектор и невладини здруженија, а кои имаат допирни точки со сообраќајот во врска со донесувањето на Планот за одржлива урбана мобилнист.

Тие на крајот на трибината едногласно го изгласаа старешкиот документ за Планот за одржлива урбана мобилнист, а кој е изготвен од АПИА и ќе биде доставен до Општина Велес и медиумите.

Инаку, овој документ Општината треба да го усвои до јуни годинава на седница на Советот на Општина Велес, а претставува стратешки документ чија цел е да се подобрат условите за живот на граѓаните, а ќе ги следи најновите светски и европски трендови на промена на начинот на планирање на сообраќајот. Наместо автомобилите на прво место ќе се стават пешаците, потоа велосипедистите, па јавниот превоз и на крај користење на автомобилите на одржлив начин.

Со организирање подобра достапност и зголемено користење на одржливите видови сообраќај ќе се постигнат следните цели: развој на градот по мерка на човекот и на одржлив начин, добивање ефикасен, безбеден и одржлив сообраќај достапен на сите, намалување на бројот на жртви и повредени во сообраќајот.

Воедно со намалување на штетните влијанија на сообраќајот врз животната средина, унапредување на пешачкиот и велосипедскиот сособраќај со изградба на потребна инфраструктура, развој на јавниот превоз на извори на енергија што не ја загадуваат животната средина, обезбедување паметни паркинзи, намалување на користењето на приватни автомобили и особено намалување на нивното присуство во централното градско подрачје.

Присутните од разни области секој од свој сегмент денеска на трибината презентираа свои мислења и предлози како сето тоа да се реализира во Велес, за подобар живот на сите граѓани.

Тие воедно добија информации како сето тоа во пракса веќе се реализира во Љубљана.

Но сите присутни на трибината се согласија дека треба да се менува пред се свеста на граѓаните за користење на алтернативни превозни средства, а кои нема да ја загадуваат животната средина.

Превенствено и дека за тоа треба да се едуцира населението, посебно најмладите децата да се учат да одат пеш на училиште, како и да возат тротинет и велосипед и други алтернативни превозни средства.

Горан Јовановиќ од Консултантската фирма „АПИА “ од Љубљана во изјавата за МИА, појасни дека целта на овој документ е да им покажат на луѓето дека се спремни да направат стретагија што ќе биде во прилог на подообар квалитет на нивното живеење и пред се’ подобро здравје.

-Целта најпрво треба да им користи на луѓето и пред се’ да го подобри квалитетот на нивното живеење, пристапност за движење на сите луѓе и на крај од сето тоа да профитираат и економијата и туризмот. Најважно е кај вас луѓето да сфатат дека се прави стратешки документ што ќе им користи пред се за нивно подобро здравје, како и да се подобри квалитетот на воздухот во градовите. Ние со овој документ имаме за цел да ги промениме навиките на луѓето околу превозот, наместо автомобили посебно во централното градско подрачје да користат алтернативни методи на движење, пеш, со велосипед или со јавен градски превоз. Со оваа стратегија нема да им го ограничиме движењето, туку тоа ќе им се забрза и ќе им биде поевтино, а од друга страна ќе биде за нивно подобро здравје,појасни Јовановиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/03/2019 19:16