Досегашните активности и заложбата за понатамошно унапредување на соработката меѓу двете општини, беа теми на денешната средба во Ростуше помеѓу градоначалнците на Маврово и Ростуше, Медат Куртовски, и на Центар Жупа, Аријан Ибраим.

-Градоначалниците Куртовски и Ибраим со своите соработници посебен акцент на средбата ставија на прашања од комуналната дејност, урбанизмот, финансиите, како и нормативно-правните дејности. Посебно беа разгледани можностите за заедничко аплицирање на проекти поддржани од ЕУ-фондовите, а се од заеднички интерес за жителите од двете општини, изјави Фикрет Ибраими, портпарол на општина Маврово и Ростуше.

На средбата се договорени зеднички активности за привлекување инвестиции на иселениците од овој крај, кои живеат во Турција, како и оние во западноевропските земји. Тука се има предвид и искористувањето на големите природни богатства и убавини со кои располагаат двете општини, а кои се здрава основа за економско заживување. Тоа ќе услови отворање нови работни места и намалување на миграцијата.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2019 17:33