Амбасадорот на Косово во Република Македонија Ѓерѓ Дедај, попладнево во Битола оствари работна средба со градоначалничката Наташа Петровска.

Во првата официјална посета на Општината, амбасадорот Дедај ги потврди своите сознанија за Битола како космополитски град, и како што рече, чиј дух на топлина може да се почувствува од секој посетител.

– Време е Балканот да се ослободи од предрасудите, сеедно дали се тие од идеолошки, верски, политички, национален или кој било друг карактер и да се отпочне процесот на европеизација. Конфликтите мора да останат во минатото и потребно е да се наметнат демократски норми, истакна Дедај и најави зголемување на економската соработка.

Петровска го информираше косовскиот амбасадор за општинските актуелности, инфраструктурните зафати и инвестиции во градот.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2019 18:31