Општина Крива Паланка објави повик за доделување признание за најуспешен просветен работник во одделенска настава од прво до петто одделение и најуспешен просветен работник во предметна настава во основно и средно образование за учебната 2018/2019 година.

На повикот можат да се пријават сите просветни работници на територијата на општина Крива Паланка кои ги исполнуваат условите пропишани со конкурсот.

Основни услови се наставниците и професори да применуваат иновативни наставни практики во воспитно-образовниот процес, за својата работа да добиле признание од учениците, колегите, родителите или локалната заедница, да придонесуваат за подобрување и унапредување на образовната работа и да ги подготвуваат учениците да станат активни и одговорни граѓани во локалната зедница и општеството.

Општината доделува и признанија за најдобар ученик од двете основни училишта и од средното училиште поединечно, а учениците ќе бидат прогласени за ученици на генерации.

Признанијата за најуспешн просветен работник за тековната учебна година и за ученик на генерација ќе бидат доделени на Свечена академија организирана по повод 24 Мај, Ден на сесловенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј, што ќе се одржи на 23 мај 2019 година во Центарот за култура.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/03/2019 19:24