Во Гевгелија се одржа дводневна обука за подобрување на иновативниот капацитет на малите и средните претпријатија во рамки на проектот „Акцелератор на знаења за МСП(МЕКА)“ што ја реализираше Општинската агенција за економски развој и информатичка технологија.

Организаторите посочија дека целта на обуката е да се стекнат дополнителни знаења и вештини со кои претприемачите ќе ги претворат своите компании во успешни и профитабилни бизниси.

Гевгелискиот градоначалник Сашо Поцков истакна дека проектот е вистински потег и дека се совпаѓа со агендата на нашата Влада која целосно се свртува кон подобрување на социоекономскиот амбиент во државата, како и во насока на заложбите на Општина Гевгелија за поголема вклученост на малите и средните претпријатија во економскиот развој на општината.

-Обуката и реализацијата на проектот се еден мал, но важен придонес кон глобалната владина и општинска политика, што им овозможува на сопствениците на малите и средните претпријатија да се стекнат со знаења и вештини како полесно да дојдат до фондовите на ЕУ, рече Поцков.

Проектот е кофинансиран од ЕУ преку ИПА1 програмата, а ова беше прва од четирите дводневни обуки што ќе се реализираат во Гевгелија.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2019 14:19