Продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар во февруари годинава се повисоки за 0,7 отсто на месечно ниво и се пониски за 0,1 отсто на годишно ниво.

Според податоците на Државниот завод за статистика, во февруари 2019, во споредба со јануари 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите нетрајни производи за широка потрошувачка за 1,2 отсто, интермедијарни производи, освен енергија за 0,4 отсто и Енергија за 0,1 отсто.

Во февруари 2019, во споредба со февруари 2018 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите енергија за 5,3 отсто и капитални производи за 1,1 отсто.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2019 11:52