Ново истражување покажа дека мозокот на кучето реагира на говор слично како на човекот, дека кучињата разбираат одредени значења, кога некој им се обраќа и ја препознаваат интонацијата на говорот, пишува „Њујорк тајмс”.
Научници во Унгарија обучиле 13 кучиња да се качат и влезат во уред за магнетна резонанца (МРИ) и да седеа мирно додека им се обраќаат. При обраќањето, користеле различни интонации, зборови со смисла со позитивна интонација, како и бесмислени зборови со позитивна интонација, па дури и се обидувале да го сменат тонот.
Тие откриле дека кучињата реагираат на зборови со смисла, без оглед на интонацијата, поврзувајќи ги со позитивни или негативни искуства. Тоа е во основа ист начин на кој луѓето реагираат на говор.
Раководителот на истражувачкиот тим Атила Адиќ вели дека ова покажува оти пофалбата за кучињата може да дејствува како награда, но дека најдобро функционира кога се усогласени значењето на зборовите и интонациите.
-Значи, кучињата не само што разликуваат она што им го кажуваме и како ние тоа го кажуваме, туку можат да ги комбинираат и тие две, за правилно да го толкуваат она што тие зборови навистина значат, вели Адиќ.