Светска банка денеска ќе го презентира полугодишниот економски извештај за земјите од Западен Балкан.

Ова е 15-то издание од серијата извештаи за состојбата на економиите во земјите од Западен Балкан – Албанија, Босна и Херцеговина, Косово, Северна Македонија, Црна Гора и Србија.

Во Скопје, извештајот ќе го претстават Галина Андронова Винчелете, менаџер на секторот за макроекономија, трговија и инвестиции во Светска банка, Сања Маџаревиќ – Шујстер, виш економист за Западен Балкан и Бојан Шимбов, економист од Канцеларијата на Светска банка во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/04/2019 09:20