Вчера од страна на полициски службеници од СВР Битола од слобода бил лишен Ѓ.Н.(19) од село Врбоец, крушевско, поради тоа што бил забележан како подметнува пожар околу 10:40 часот во атар на село Врбоец, при што била опожарена ниско и високостеблеста дабова и букова шума.
СВР Битола поднесе кривична пријава против Ѓ.Н. поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“, а судија на претходна постапка му одреди домашен притвор во траење од 30 дена.