Школата на македонскиот ракометен репрезентативец Кирил Лазаров од Струга и КМГ Спорт ќе бидат домаќини на завршниот „Фајнал фор“ турнир во пионерска конкуренција.

Три скопски екипи и КЛ7 Струга генерација 2002 година и помлади, в сабота (6 април“ во Струга ќе се борат за трофејот шампион на Македонија.

Четирите натпревари, двете полуфиналиња и натпреварите за трето и прво место, ќе се играат во спортската сала „Тими“.

Распоред на натпреварите: 10:30 часот КЛ7 Струга – РК Алушовски 12:00 ч. РК Металург – РК Шампион 16:30 ч. натпревар за трето место 18:00 ч. Финале.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2019 14:30