Ракометарот на Вардар, Даинис Криштопанс беше прогласен за најкорисен (МВП) ракометар на Ф4 турнирот на СЕХА лигата, додека четири ракометари на „црвено-црните“ се најдоа во најдобриот тим.

Криштопанс покрај МВП, прогласен е и за најдобар десен бек за сеозната 2018/2019 во регионалната ракометна лига.

За најдобро лево крило е прогласен Тимур Дибиров, Стојанче Стоилов е бр.1 кај пивотите, додека повеќе од заслужено, најдобар голман е Дејан Милосављев.

Најдобар тим на Ф4 турнирот во СЕХА лигата:

Голман: Дејан Милосављев (Вардар)

Лев бек: Дамир Бичаниќ (ППД Загреб)

Лево крило: Тимур Дибиров (Вардар)

Десен бек: Даинис Криштопанс (Вардар)

Десно крило: Златко Хорват (ППД Загреб)

Среден бек: Сандро Обрадовиќ (Мешков Брест)

Пивот: Стојанче Стоилов (Вардар)

За најдобар дефанзивец е прогласен Павел Хорак од Мешков Брест.



Автор: Администратор
Објавено на: 04/04/2019 01:08