Општина Карпош организира голема еко - акција за чистење на Општината, на 13.04.2019 година (сабота), со почеток во 10:00 часот, на повеќе собирни пунктови.
Во акцијата ќе се приклучи градоначалникот, општинската администрација, советниците, комуналните служби, како и повеќе јавни личности, граѓански организации, институции и фирми.
До овој момент кон акцијата на Општина Карпош се приклучија: „Пакомак“, „Acibadem Sistina“, Лабораторијата „Авицена“, групата ДНК, Друштвото за управување со оптад „НУЛА ОТПАД“ и ЈП Паркови и зеленило.
Еко – акцијата ќе започне од повеќе собирни пунктови:
Кеј на Вардар (две собирни места): 10:00 часот, под х. „Александар Палас“, кај фитнес зоната; 10:00 часот, крајот на бул. „Илинден“ (патеката што води до мостот „Газела“); Министерство за економија (ул. „Јуриј Гагарин“ бр.15); Бул. „Партизански одреди“ (четири собирни места): 10:00 часот, кај автобуската постојка и пекарата „Мал Одмор“ (спроти Симпо); 10:00 часот, пред Симпо; 10:00 часот, кај мостот „Обединети нации“ (кај воените кули); 10:00 часот, спроти воените кули, кај трите бели кули. Платото на Млечен, пред „Ли“ кафе; ТЦ Лептокарија (на коцка, пред кафе бар „Ревија“ ) Порта Влае (на плоштад „Делфина“).
Општина Карпош ги повикува сите граѓани, фирми, институции и граѓански организации да се приклучат кон оваа акција и преку сопствен пример да покажат грижа за заштита на животната средина.