Холандскиот дефанзивец на Ајакс, Матаис де Лихт влезе во историјата на Лигата на шампионите откако стана најмладиот капитен во четвртфиналето на најпрестижниот европски клубски турнир.

Де Лихт го предводеше тимот од Амстердам со капитенската лента во првиот четвртфинален меч против Јувентус (1:1) на „Јохан Кројф“ арена.

Деветнаесет годишниот централен дефанзивец има силна сезона и се поврзува со трансфер во неколку европски гиганти.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 09:15