Педесетина ученици од Северна Македонија, Бугарија, Белгија, Србија и Турција ќе учествуваат на „Олимпијадата во информатика 2019, што ќе се одржи од денеска до 14 април во просториите на Меѓународниот балкански универзитет (МБУ).

Олимпијадата е во организација на МБУ, во соработка со Здружението на информатичари на Македонија, со поддршка од Меѓународната олимпијада за информатика, Балканската олимпијада за информатика и Националната олимпијада на Северна Македонија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 09:44