Скопје секојдневно се соочуваат со неправилно одлагање на отпадот од пакувања и остатоци од храна, како и непочитување на наведените термини за одлагање на отпадот во Старата скопска чаршија и на т.н. Пластичарска улица (бул.Никола Карев).
Во текот на изминатата недела, нашата Еко-патрола спроведе едукативни активности за правилно постапување со отпадот со сопствениците на дуќаните и угостителските објекти во Чаршијата и на Пластичарската улица.
Дуќанџиите беа информирани за Законот за јавна чистота и едуцирани како правилно да го исфрлаат својот отпад, додека угостителите за правилното третирање на отпадот од храна, со цел да се избегне создавањето на исцедоци и ширењето заразни болести.