Многумина својот режим на исхрана го дефинираат според саканата фигура и форма, други пак, си поставуваат ограничувања поради религиозни причини, а на трети воопшто не им е грижа како и со што сè се хранат.

Во сите три случаи треба да се прашаме себе си – дали начинот на исхрана и воопшто на живот не му штети на нашето здравје? По тој повод, стручни лица од Германија посочуваат како да ги заштитиме стомакот и цревата од болести.

1. Кажете им „не” на лошите навики!

Пушењето двојно го зголемува ризикот од киселините во желудникот, а алкохолот може да предизвика крварење во цревата. Една причина повеќе за откажување од овие навики.

2. Редовно вежбање

Истражувањата покажуваат дека редовните вежби ги намалуваат причинителите на воспаленија во нашето тело и ја стимулираат преработката на храната.

3. Помалку стрес

Ако сте постојано под стрес, тоа сигурно ќе влијае на работата на системот за варење. Односно, при хроничен стрес, се појавува растројства, како што се запек или дијареа. За потешки случаи, стручните лица препорачуваат вежби со длабоко вдишување и издишување, јога, медитација…

4. Пијте вода

Дехидратацијата е најчеста причина за проблеми со системот за варење. Се препорачува да се пие од половина литар до два литра вода дневно. Ако живеете во област каде што климата е потопла, вносот треба да е и поголем.

5. Повеќе влакна

Неколку истражувања покажуваат поврзаност меѓу консумација на храна со влакна и помалиот ризик од нарушувања во дигестивниот систем, како чирови, киселини и хемороиди. Тука се препорачува поголем внос на зрнести плодови, како и зеленчук и овошје.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 18:21