По четириесет години реновирана е спортската сала „Партизан” во Кавадарци. Кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев рече дека со оваа салата нуди подобри услови за спортување и спортски натпревари.

-Вложивме шест милиони денари општински пари. За десетина дена ќе заврши оградувањето на спортскиот центар „Јасмин”, рече градоначалникот, информирајќи дека изготвена е и физибилити студијата за јавно приватно партнерство за комплекс спа центар со затворен базен.

Тој се осврна и на физибилити студијата за отворениот базен, кој опфаќа повеќе водени содржини заради модернизација.

Јанчев ја најави и повеќенаменската патека од селото Ваташа до месноста Моклиште.

-Тој проект е одобрен и се очекува да потпишеме договор со Агенцијата за рурален развој, со која ќе кофинансираме со средства за инвестицијата, а со дел учествува и Вардарски плански регион, информираше градоначалникот.

Со сево ова, нагласи, ќе се добијат комплетни содржини во делот на спортот. Притоа додаде дека се размислува и за куглана, за која се залагаат младите, како еден помодерен спорт.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2019 18:26