Во организација на Здружението ЦЕТ платформа денеска ќе се одржи работилница посветена на програмата Еразмус+ на Европската Унија.

На работилницата ќе биде преставена програмата, нејзините цели и приоритети, клучните акции и можностите кои ги нуди за граѓанските организации, младите и младинските работници. На работилницата ќе биде преставен и начинот за аплицирање на проекти, условите за учество, како и практични и техничи совети за пополнување на апликационите формулари. Учесниците ќе имаат можност да планираат и разработат идеи за проекти за кои ќе добијат фидбек и сугестии за подобрување.

Активностите се дел од проектот „Заедно за посилно граѓанско општество“, а до сега успешно беа организирани три работилници со акцент на граѓанскиот активизам, младинското учество и иницијативност.

Со овој проект, ЦЕТ платформа има за цел да овозможи информации за начините на создавање посилен капацитет на граѓанските организации, но истовремено да ги мотивира младите да го зајакнат и искористат потенцијалот за активно учество во креирањето на младинските политики и користење на европските програми за млади.

Проектот „Заедно за посилно граѓанско општество“ е поддржан од Агенцијата за млади и спорт.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2019 10:56