Меѓународна конференција за рано откривање рак на ректум и дебело црево ќе се одржи денеска во клиничката болница „Аџибадем Систина”.
Фокусот на конференцијата ќе биде зголемениот број заболени кај младата популација.
Најавено е учество на четириесетина еминентни доктори – предавачи од повеќе земји од Европа и Азија, коиќе ги изнесат своите искуства и достигнувања пред 150 учесници на работните сесии, предвидени во двата работни дена.
Коорганизатори на Конференцијата се сите соодветни професионални асоцијации во државата што имаат допир со оваа проблематика: Лекарската комора, Здружението на гастроентерохепатолози, Здружението на хирурзи, Здружението на патолози и Здружението на онколози и радиолози на Македонија.
На отворањето обраќања ќе имаат директорот на „Аџибадем Систина“, Јана Марин, како и претседавачот и претседател на Mediterranean Task Force for Cancer Control, Владимир Димов.