Во организација на Коалицијата на младински организации СЕГА денеска во Скопје ќе се одржи конференција на тема „Македонски модел на Обединетите Нации 2019“.

Програмата во рамки на која се спроведува конференцијата има за цел да се зајакнат капацитетите на младите за застапување, лобирање, дипломатија, разрешување на конфликти, јавно говорење и пишување.

На конференцијата, осма по ред, е најавено учество на околу 80 млади луѓе од Скопје, Кавадарци, Прилеп, Гевгелија и Штип.

На досегашните конференции учествувале околу 1.300 млади луѓе од земјата.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2019 11:10