На повеќе собирни пунктови во Општина Карпош денеска ќе се одржи еко – акција, во која ќе се приклучат градоначалникот, општинската администрација, советниците, комуналните служби, како и повеќе јавни личности, граѓански организации, институции и фирми.
Кон акцијата, како што информираат од општината, се приклучиле „Пакомак“, „Acibadem Sistina“, Лабораторијата „Авицена“, групата ДНК, Друштвото за управување со оптад „НУЛА ОТПАД“ и ЈП Паркови и зеленило.
Општина Карпош ги повикува сите граѓани, фирми, институции и граѓански организации да се придружат и преку сопствен пример да покажат грижа за заштита на животната средина.