Ракометната репрезентација на Македонија вечерва од 20 часот по втор пат излегува против репрезентацијата на Исланд. во квалификациите за пласман на ЕП 2020 година.

Македонија триумфираше против Исланд во Рејкјавик со 34:33 во првиот дуел и е на чело на табелата во третата група. Со триумф вечерва, „жолто-црвените“ ќе обезбедат ново учество на ЕП.

За овој дуел, селекторот Данило Брестовац се реши за промени во составот во однос на тимот кој славеше во првиот меч.

На местото на Бојан Маџовски и Томислав Јагуриновски во комбинација за настап вечерва ќе бидат Димитар Димитриоски и Мартин Серафимов.

Две промени направи и гостинскиот селектор, Гудмундур Гудмундсон. Тие допатуваа во Скопје со нови двајца голмани за разлика од мечот во средата. Во Исланд останаа Арон Едвардсон и Бјоргвин Густафсон, а место во тимот добија Виктор Гисли и Агуст Бјоргвинсон.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2019 12:08