Доколку ракометната репрезентација на Македонија бодрена од околу 7.000 навивачи го победи Исланд, а нема причина да не биде така, тогаш „црвено-жолтите“ ќе го направат веројатно решавачкиот чекор кон пласман на Европското првенство 2020 година, и ќе имаме нешто полесна ждрепка во иднина, бидејќи првото место во квалификациската група носи место меѓу носителите.

Дуелот во „Борис Трајковски“ почнува во 20 часот. Победата во Рејкјавик од 34-33, покажа дека нашите ракометари имаат квалитет и сега се главни фаворити во групата 3.

Според квотите во обложувалниците Sport Life, победа на Македонија е со коефициент 1.70, а за триумф на Исланд е 2.90.

„После поразот од Грција, сега сме во многу подобра состојба. Имаме место за напредок во одбраната, очекувам повеќе од голманите. Сакаме да направиме голем чекор кон ЕП. Овој меч со Исланд за нас е како мало финале, бидејќи со победа може многу да профитираме. Првото место во групата носи и поповолна ждрепка во квалификациите за следното ЕП. Со публиката на наша страна“ – вели селекторот Данило Брестовац.

Извор: sportmanija.mk



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2019 17:00