Стевче Стевоски, кандидатот за градоначалник на општина Охрид поддржан од партијата Демократи вели дека во неговиот мандат фокус ќе стави на развој на туризмот во еден од најубавите градови во Македонија.
- Основната идеја беше мојата желба Охрид да го направиме 12 месечна туристичка дестинација, Охрид да биде градот на мирот и спокојот, место каде домашните и странските туристи ќе го добијат посакуваниот одмор без стрес и напнатост. Тоа воедно ќе донесе значајна финансиска добивка за граѓаните на Општина Охрид, со што ќе се зајакне и економската моќ на Општината. Од друга страна, сето тоа заедно ќе придонесе и за спокоен и достоинствен живот на жителите во Општината, вели Стевоски.
Тој додава и со сите расположливи сили ќе се бори против урбаната мафија во Охрид.
Другата моја определба да влезам во градоначалничката трка за прв човек на Општина Охрид беше и неспорната потреба да се внесе ред во градењето во Охрид и неговата околина бидејќи досегашната експанзија на градењето на несооднетни места во Општината, сериозно ја загрозуваат познатата и меѓународно призната уникатност во архитектурата, додава Стевоски.
*Платено политичко рекламирање