Нова група од 50 луѓе ја посетија општина Делчево како дел од таканаречените тури за планинарско-алтернативен туризам. Овој пат посетители беа пензионери од скопската населба Аеродром, кои како што велат по долги години решија повторно да го видат градот кој го носи името на Гоце Делчев.

-Посетивме многу убави места меѓу кои и локалниот музеј и манастирот Света Богородица Балаклија. Ние постарите градот на револуционерот Гоце Делчев го знаеме како мало место, сме биле одамна овде, но сега бевме изненадени од неговата убавина и од неговата среденост. Би им препорачала на сите да го посетат, рече Ѓеорѓиевска.

И овој пат улогата на водич му припадна на претседателот на Љупчо Чучуковски, претседател на планинарскиот спортски клуб „Голак“ од Делчево.

-Со повозрасната група граѓани посетивме неколку места кои се белег на градот и кои им оставиај впечаток на туристите. Посебно ме радува оваа дружба, бидејки јас работам со деца и младинци, но и како во случајот со повозрасната група на луѓе кои се уште се физички витални. Посебно ме радува што на ова наше дружење беше и Никола Стојановски кој е првиот пратеник кој ја отвори првата седница на собранието на независна Македонија. Тој е 96 години, лекар по струка, се уште е витален и сакаше да ја посети нашата општина, истакна Чучуковски.

Во рамки на посетата на Делчево, гостите од здружението на пензионери од Аеродром положија букет цвеќе пред споменикот на паднатите борци во центарот на Делчево.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2019 03:18