Македонската ракометна репрезентација одигра нерешено 24:24 во возвратниот дуел со Исланд во квалификациите за Европското првенство 2020. Со освоениот бод Македонија остана на првата позиција на табелата и значително ги зголеми шансите уште еднаш да се пласира на големо натпреварување.

По триумфот на гостувањето кај Исланѓаните пред пет дена, двете репрезентации одиграа уште еден драматичен и докрај неизвесен натпревар што заврши можеби со најреален исход.

Првото полувреме гостите го добија со еден гол разлика, иста предност имаа и на три минути пред крајот, потоа водеше Македонија и имаше напад за плус два, за на крајот Исланд да изедначи.

Кире Лазаров со осум, Дејан Манасков и Филип Талески со по четири погодоци беа најефикасни во нашиот состав.

На другиот дуел од 4.коло во Групата-3, Турција ја победи Грција со 26:23.

Табела: Македонија 5 бода, Исланд 5, Турција 4, Грција 2.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/04/2019 03:25