Во Фондацијата за поддршка на претпријатија – ЕСА Тетово денеска ќе биде презентиран повикот за доставување предлог проекти за финансирање преку инструментот за кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации.

Презентацијата ја организираат ЕСА Тетово и Стопанската комора на северозападна Македонија во соработка со Фондот за иновации и технолошки развој (ФИТР).

Најавено е присуство на директорот на ФИТР Јован Деспотовски и министерот за економија Крешник Бектеши.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 09:24