Базар на ракотворби под мотото „Easter Fair(y) Tale“ ќе се одржи денеска и утре во Скопје во организација на Институтот за развој на креативниот и иновативниот потенцијал на млади и возрасни луѓе „КРЕАТИВНА МАКЕДОНИЈА”. Базарот е овозможен од Општина Центар.

Од Институтот посочија дека „Easter Fair(y) Tale“ е можност ракотворците да преточат парче од својата душа преку уникатните и со љубов направени дела во една Велигденска бајка наменета за сите генерации.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2019 12:46