На 24.04.2019, со почеток во 10 часот, ЈП „Комунална хигиена“ - Скопје ќе започне масовна акција за чистење диви депонии. Акцијата ќе се одвива истовремено во сите скопски општини, во неа ќе учествува администрацијата на Претпријатието и општините, студентите од сите скопски универзитети, претставници од невладиниот сектор, како и средните и основните училишта. Целта е подигнување на јавната свест за штетноста од несовесното постапување со отпадот и опасноста од создавањето диви депонии што директно ја загрозуваат животната околина и претставуваат закана за здравјето на граѓаните.

Би сакале да ги поканиме сите граѓани на градот Скопје да ни се придружат во оваа иницијатива и со своето присуство да испратат јасна порака за важноста од совесното постапување со отпадот.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 15:37