Македонската репрезентативка Елена Ѓорѓиевска потпиша со актуелниот ракометен шампион на Хрватска – Подравка Вегета.
Таа доаѓа во хрватскиот тим од Романија, каде го носеше дресот на Крајова.
– Елена Ѓеорѓиевска може да му ја донесе неопходната агресија во одбраната на тимот на Подравка Вегета, а од извонредно значење е и нејзиното големо искуство во европските натпреварувања, пишуваат на официјалната страна на хрватскиот тим.
Претходно во својата кариера, Ѓорѓиевска има настапувано и за Еуростандард Ѓорче Петров, Кометал Ѓорче Петров, Вардар, Будуќност, Баја Маре и унгарски Фехервар.