Менаџерот на Челзи, Маурицио Сари изјави дека Оливие Жиру ќе остане во тимот и наредната сезона.

Италијанецот откри дека раководството на лондонскиот клуб ќе ја искористи клаузулата во договорот на францускиот напаѓач, кој обезбедува автоматско продолжување на договорот за 12 месеци.

– Жиру не е сигурен за својата иднина? Тој е сигурен, бидејќи Челзи има можност да го продолжи неговиот договор за следната година. Зборував со раководството на клубот пред два дена и се договоривме да ја искористам оваа опција. Значи можам да кажам дека Оливие Жиру ќе остане со нас, рече Сари.

Оваа сезона 32-годишниот француски напаѓач има 39 натпревари за Челзи во сите натпреварувања во кои постигна 12 гола.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 15:55