Американски научници со помош на ХИВ вирусот развија терапија за лекување и на најтешки видови намален имунитет, така што по терапијата осум бебиња сега имаат целосно функционален имун систем, објави „Њу Ингланд Медисин Џурнал“.

Новороденчињата имале потешка комбинирана имунодефицијенција позната како „бабл бој”. Потфатот е спроведен во болница во американската сојузна држава Тенеси.

Во рамки на терапијата, се зема коскена срж од бебето и се модификува дефектот во нивната ДНК, и тоа веднаш по раѓањето. „Исправниот” ген, всушност тој што се користи за лекување, во процедурата се вбризгува во изменета клетка на ХИВ вирусот, кој ја предизвикува СИДА-та.

Стручните лица соопштија дека повеќето бебиња излегуваат од болница за околу еден месец.

Бебињата ја добивале терапијата во Мемфис и во Сан Франциско.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/04/2019 16:55