Учениците од основното училиште „Браќа Миладиновци“ денеска го одбележаа Денот на планетата Земја.

Основците се претставија во модели изработени од пластика, картон, хартија и други материјали што можат да се рециклираат и да се реупотребуваат. Моделите ги изработија сами или во соработка со наставниците и родителите.

Со овој настан тие испратија порака за зачувување на чистата животна средина и за зајакнување на почитта кон природата.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2019 16:54